Сопственичкиот удел што Настел го има во Реплек е намален на 6,64 проценти. По продажбата на 37 акции, градежната компанија сега поседува 17.201 хартија од вредност издадени од скопската фармацевтска куќа. Тоа, според известувањето споделено со инвеститорската јавност преку Македонска берза, претставува 6,64 проценти од вкупниот број акции.
Ова е четврта продажна трансакција на Настел од почетокот на годинава. Со зачестен интензитет како продавач почна да се јавува минатата година во јули, кога првите пет акции ги продаде пред Реплек да ја изврши нивната поделба во однос од еден спрема десет. Тогаш имаше 9,36 отсто од основната главнина. По сите лански реализирани продажни трансакции Настел ја започна годинава со 17.866 акции, односно со 6,89 проценти во сопственичката структура на Реплек, а веќе во јануари го намали својот дел на 6,65 проценти.