Се намалува сопственичкиот удел на „Настел“ во „Реплек. Компанијата на Зоран Азманов продаде десет акции. По ова, располага со 8,73 проценти.
„Постапувајќи согласно член 38 од Правилата за котација на Македонска берза АД Скопје, Реплек АД Скопје објавува
Акционер со над 5% односно компанијата Настел ДООЕЛ продаде 10 акции, со што поседува вкупно 21.711 или 8,37% од вкупниот број на акции“, е ценовно чувствителната информација што ја објави фармацевтската компанија.
Слични известувања наменети за инвеститорската јавност има веќе неколку месеци, а последното беше во понеделникот, кога „Настел“ продаде 32 акции.