ПОВЕЌЕ

    Народната банка ги одбележа Деновите на европското наследство 2025

    Време зa читање: 2 минути

    Народната банка, во соработка со невладината организација за промоција на македонската култура Добредојде Македонија ‒ центар за добредојде (“Dobredojde” Macedonia Welcome Center), ги одбележа Деновите на европското наследство 2025 во Музејот на Народната банка. Настанот е дел од државното чествување на овогодишните Денови на европското наследство, коишто веќе 40 години се организираат во земјите на Европа по иницијатива на Советот на Европа.

    Гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, ги поздрави гостите и ја истакна важноста на културното наследство како трајна вредност за општеството и за европската цивилизација. Тој посочи дека Народната банка повеќе од 20 години се грижи за зачувувањето и промоцијата на материјалната култура поврзана со монетарната историја, при што ја нагласи важноста на дизајнот на паричните единици, како номинален обележувач на културата, уметноста и на архитектурата. Беше истакнато дека првото издание македонски книжни пари во 1993 година, всушност, на идентичен начин ја промовира овдешната архитектонска оставина, заради што нашата институција со уште поголемо задоволство го поддржува овој настан за чествување на таа нејзина вродена способност.

    Овогодишното одбележување беше посветено на архитектурата под мотото: „Архитектура и наследство: прозорци кон минатото, врати кон иднината”. Гостите имаа можност да се запознаат со историската и симболичната вредност на архитектонските мотиви на римските монети, преку презентацијата на кустосот на Музејот на Народната банка, Маја Хаџи-Манева. Таа посочи дека монетите од Стоби, како и од други градови, не само што ја документираат архитектурата на времето, туку и ја пренесуваат културната, религиозната и идентитетската порака на заедниците, претставувајќи чувар на колективната меморија и сведоштво за обичаите и за верувањата на минатите цивилизации.

    Настанот ја нагласува посветеноста на Народната банка на зачувувањето и промоцијата на македонското културно наследство, како дел од европските вредности, при што се истакна улогата што ја имаат монетите како музејски предмети, и како „прозорци кон минатото”, и како „врати кон иднината”.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично