Народната банка вчера ги објави најновите макроекономски проекции според кои во 2021 и 2022 полека се очекува закрепнување на економијата од последиците од здравствена криза.
Иако здравствената криза имаше сериозен импакт врз економијата, од Народната банка посочија дека според истражувањата на Меѓународниот монетарен фонд здравствената криза од 2008 година имала далеку поголеми разозрни последици врз економијата отколку пандемијата.
– Според ММФ интензитетот на здравствената криза ќе беше три пати поголем доколку навреме не се преземаа мерки од страна на централните банки и владите.Зголемена фискално закрепнување се очекува во ЕУ и САД. Динамиката на закрепнување ќе биде различна. Брзорастечките економии очекуваат економски раст од 6 %. додека послабите економии од 4,4% на глобално ниво, изјави гувернерката на Народната банка, Анитa Ангеловска Бежоска.