ПОВЕЌЕ

    Народна банка: Изразуваме најискрено сочувство, подготвени сме да ги поддржиме напорите за справување со последиците од несреќата

    Време зa читање: < 1 минутa

    Македонија тагува. Сочувство и подготвеност за помош изразија раководството и вработените во Народната банка.

    „Со тешко срце ја примивме веста за трагедијата што ја зави во тага нашата земја. Минатата ноќ, нашата земја изгуби животи, соништа, насмевки – огнот зеде премногу, а остави болка што нема зборови да ја опишат.

    Во овие мрачни мигови, нашите мисли и срца се со семејствата и најблиските на загинатите. Нека силата на заедништвото им донесе утеха, а споменот за оние што ги изгубивме нека остане светол. На повредените им посакуваме брзо заздравување, а на сите нас – сила да се справиме со оваа неизмерна загуба.

    Оваа трагедија нè потсетува колку е важна солидарноста и поддршката што си ја даваме едни на други. Како Народна банка, изразуваме најискрено сочувство и сме подготвени да ги поддржиме напорите за справување со последиците од оваа несреќа.

    Во овие моменти на загуба, заедништвото и човечката блискост се најголемата утеха“.

     

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично