Ве известуваме дека почнувајќи од 01.08.2020 Стопанска Банка АД Скопје ќе изврши промена на начинот на пресметка и наплата на трошоците за платен промет во следните сегменти:
- Трошоците за водење на сметка ќе бидат базирани на промет во текот на еден календарски месец и тоа:
- Промет во износ до 500 илјади мкд- провизија во износ од 300 МКД
- Промет во износ над 500 илјади мкд до 1 милион мкд-провизија од 600 МКД
- Промет над 1 милион мкд- провизија од 1,100 МКД
- Банката воведува провизија за изготвување на изводи во износ од 10,00 мкд по извод.
Наплатата на наведените провизии ќе се врши на почетокот на следниот календарски месец за провизијата од предходниот месец. Првата наплата на провизии согласно новиот начин ќе започне да се извршува почнувајќи од 01.09.2020.
Наведената промена претставува усогласување на тарифните ставки согласно пазарната практика.