ПОВЕЌЕ

    Намалувањето на штетите мора итно да се усвои, заклучија експертите на Глобалниот форум за никотин – GFN23

    Време зa читање: 4 минути
    Marcin Ślusarczyk (www.antystudio.pl)

    Меѓународни експерти за јавно здравје, научници, лекари, регулатори, потрошувачи и производители дискутираа во текот на минатата недела (21 до 24 јуни) во Варшава за новите начини за справување со болестите поврзани со пушењето. На 10. издание на годишниот Глобален форум за никотин (GFN23), oколу 70 говорници и стотици делегати, вклучувајќи и луѓе кои ги оставиле цигарите преку префрлање на побезбедни никотински производи, дебатираа за огромниот потенцијал на оваа стратегија – и за ризиците за јавното здравје доколку не се интегрира во глобалниот одговор на болестите и смртните случаи предизвикани од пушењето.

    Заснован на човековите права, концептот на намалување на штети е пристап за јавно здравје заснован на докази кој се состои од прагматични активности кои ги намалуваат здравствените ризици за поединците и заедниците. Намалувањето на штети, како што се практикува во сексуалното здравје и употребата на супстанци признава дека целосната апстиненција или искоренувањето на ризичното однесување не е реално за секого. Многуте интервенции за намалување на штети, како што е употребата на кондоми за да се спречи преносот на ХИВ/СИДА, долго време се промовирани во глобалното јавно здравје, вклучувајќи го и СЗО.

    Во последните десет до петнаесет години се појавија нови производи кои го направија реалност намалувањето на штетите од тутунот. Возрасните пушачи кои не можат или не сакаат да престанат да користат никотин, можат да се префрлат од запаливите цигари на побезбедни никотински производи. Производите без чад што го загреваат тутунот, електронските цигари, пастеризираниот снус и никотинските ќесички им овозможуваат на луѓето да користат никотин без согорување на тутунот, што значително ги намалува здравствените ризици во споредба со продолжување на пушењето.

    Глобалните проценки сугерираат дека 112 милиони луѓе ги користат овие производи, и покрај недоследната регулатива и целосната забрана во некои земји. Распространетоста на пушењето опаѓа побрзо таму каде што се достапни овие производи и се регулирани на соодветен начин, како што се Велика Британија, Шведска, Јапонија и Нов Зеланд. Рамковната конвенција за контрола на тутунот (FCTC) на СЗО ја дефинира контролата на тутунот како опсег на „стратегии на понуда, побарувачка и намалување на штети“ и исто така се обврзува да промовира мерки кои се „засновани на тековни и релевантни научни размислувања“.

    Marcin Ślusarczyk (www.antystudio.pl)

    На брифингот за медиумите на GFN23 се обрати почесниот професор на Империал колеџ во Лондон и ко-основач на Глобалниот форум за никотин, професор Гери Стимсон: „Во последната деценија има над сто милиони луѓе, кои не можат или не сакаат да престанат да користат никотин и значително можат да ги намалат ризиците за нивното здравје, со тоа што ќе се префрлат од смртоносните запаливи цигари. Што може да се постигне во следните десет години? Многу ќе зависи од зборовите и постапките на оние на највисоките позиции во глобалното креирање политики. Нивната цел мора да биде крај на пушењето – а не војна против никотинот, осудена на неуспех како војната против дрогата. Јавната здравствена заедница мора да развие повеќе амбиции за тоа што може да се направи“, дециден е Стимсон.

    Програмска директорка на GFN, Џесика Хардинг изјави: „Оваа година е клучна за иднината на намалување на штетите од тутунот, а многумина од нас кои се префрлија од цигари на побезбедни никотински производи се длабоко загрижени поради одлуките што би можеле да се донесат на COP10 во ноември. Забраната или прекумерната регулација на побезбедните никотински производи само ги турка луѓето назад кон запаливи цигари или производи на црниот пазар, кои се потенцијално штетни“, истакна Хардинг.

    Клајв Бејтс, водечки експерт за јавно здравје и адвокат, кој моментно е директор на The Conterfactual и поранешен директор на Action on Smoking and Health UK, рече: „СЗО неадекватно одговори на научниот развој и иновациите кои можат значително да ги намалат здравствените ризици со кои се соочуваат над милијарда пушачи. Се води кампања за забрана на побезбедните никотински производи, додека милијарди смртоносни запаливи цигари и натаму се продаваат ширум светот секоја година. Покрај тоа, се шират и дезинформации за овие производи, вклучувајќи ги и земјите со ниски и средни приходи, во кои живеат и умираат 80 отсто од пушачите во светот. Сметам дека е погрешно е да се одбива да се интегрира намалувањето на штетите од тутунот во пристапот кон пандемијата на пушењето“, нагласи Бејтс.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично