ПОВЕЌЕ

    Најскапата Биткоин пица во светот, денес вреди повеќе од 100 милиони евра

    Време зa читање: 2 минути

    На 22 мај 2010 година, Laszlo Hanyecz тргувал со 10.000 биткоини за 2 пици. Се верува дека оваа трансакција е прва реална трансакција за физички добра со биткоин, кој тогаш имаше вредност помалку од еден денар. Денес, овие 10.000 биткоини би вределе нешто повеќе од 100 милиони евра.

    Но, и покрај астрономскиот пораст на цената на биткоин, за NY Times, Hanyecz има изјавено дека во периодот кога ја има направено трансакцијата биткоинот немал некоја вредност, па идејата за тргување со нив за пица била “неверојатно кул”.

    Првично лансирана во 2009, биткоин е една од првите форми на криптовалути  – децентрализирана дигитална валута која функционира без централизиран банкарски или административен систем, но изградена на мрежи од peer-to-peer преку блокчеин технологија.

    Денес, постојат повеќе од 2.000 криптовалути. Иако нивната цена сеуште не е стабилна и затоа сеуште важат за високо ризични инвестиции, експертите во индустријата се оптимисти. Повеќето од нив веруваат дека со созревањето на криптовалутите,  пазарот ќе се стабилизира. Тоа ќе даде акцент на корисноста на валутата, наместо претпоставената вредност од шпекулантите.

    Затоа, следете ги трендовите, примајте и евалуирајте ги информациите кои ги добивате од луѓето околу вас – можеби ќе ја добиете вистинската информација во вистинското време. Дали ќе ја искористите, ќе зависи само од вас.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично