Најпродаваниот автомобил во Европа во 2024 година нема да биде електричен автомобил. Tesla Model Y, кој минатата година беше првиот автомобил на батерии кој ја заврши годината на првото место во генералниот пласман, нема да може да ја одбрани титулата и да го преземе највисокото скалило на подиумот. Најверојатно ќе го победи Dacia Sandero.
Според прелиминарните податоци на Датафорс, што претставува 97 отсто од продажбата во Европската унија, пазарите на ЕФТА и во Велика Британија, Dacia ќе ја заврши 2024 година како најпродаван автомобил во Европа, следен од Volkswagen Golf.
Гледајќи го привременото рангирање, Sandero е на врвот на Топ десет со 247.210 продадени единици во првите 11 месеци од 2024 година. Јазот во однос на Volkswagen Golf, втор во рангирањето засега, е тешко да се пополни за само еден месец и на третото место , засега е Renault Clio.
Tesla Model Y е единствениот електричен автомобил во рангирањето, но се лизна на шестата позиција со 181.781 единици регистрирани од јануари до ноември (-21%); бројка која кажува многу за кризата на електричниот автомобил.
Читајќи ги европските бројки за регистрација за ноември, може да се види и кој производител на автомобили имал најмногу модели во Топ 50 во ноември. Volkswagen имаше седум (Tiguan на второ место, Golf на четврто и T-Roc на седмо). Следна беше Skoda, друга марка на германската групација, со шест автомобили (особено Octavia на 11-тото, Fabia на 25-тото и Enyaq на 29-тото). Тојота имаше пет автомобили во ноемвриските Топ 50 (Јарис Крос на осмото, Јарис на деветтото и Корола на 17-тото место).
По 11 месеци, Volkswagen Group и Toyota го делат водството со шест модели, потоа е Skoda со пет, Peugeot со четири и Dacia со три. Останува само да почекаме до крајот на декември и да видиме каков ќе биде конечниот ранг на најпродаваните автомобили за 2024 година.
Засега се сумираат резултатите врз база на податоците за 11-месеци, додека за цела 2024 година бројките ќе бидат познати кон средината на јануари.
Во тој период регистрирани се околу 100.000 нови автомобили повеќе од лани. Dacia Sandero е неприкосновен лидер на пазарот, пред VW Golf и Renault Klia. Во последните три години европскиот лидер Golf повеќе нема сили да ја задржи водечката позиција во Европа. Голфот е сè уште блиску до врвот, но клиентите ги променија своите навики. Во 2022 година, Европејците најмногу му веруваат на Peugeot 208, минатата година за прв пат во електричен модел – Tesla Y, додека оваа година тоа ќе биде скромниот Dacia Sandero.
Продажба по модел во 11 месеци од 2024 година:
Dacia Sandero – 245.686 регистрации
Volkswagen Golf – 198.886 регистрации
Renault Clio – 195.930 регистрации
Volkswagen T-Roc – 187.339 регистрации
Peugeot 208 – 183.740 регистрации
Tesla Model Y – 180.682 регистрации
Toyota Yaris Cross – 178.922 регистрации
Škoda Octavia – 167.175 регистрации
Тојота Јарис – 164.496 регистрации
Dacia Duster – 157.287 регистрации
Dacia има два модели во топ 10. Романците за 11 месеци продале повеќе од 245.000 Сандери на европскиот континент, што е за 14 отсто повеќе од лани во истиот период. Golf е втор со близу 199.000 продадени примероци, додека Lio е трет со само 3.000 регистрирани единици помалку од германскиот крал. Golf забележа раст од 20 отсто, додека Clio забележа раст од 9 отсто во 11-те месеци од оваа година во однос на истиот период лани.