Извршните директори на светски познати компании заработуваат огромни суми пари на годишно ниво. Така, Илон Маск, основачот на „Тесла“, беше најплатениот извршен директор во Соединетите држави во 2019 година (со плата од 595,3 милиони американски долари), според „Индексот за плати на Блумберг“.
Пред некој ден Маск, стана 5. најбогат човек на планетата. Платата на Маск, која ја добива врз основа на оваа позиција во „Тесла“, доаѓа од договорот за плата што тој го потпишал пред неколку години, во која се вели дека неговата банкарска сметка ќе расте во согласност со растот на компанијата.
Некои експерти тврдат дека високите плати низ корпоративниот сектор во Америка поттикнуваат многу видови на еколошки штетни однесувања. Овој раст е особено забележлив во технолошките компании, така што Тим Кук е веднаш зад Маск.
Подолу е списокот на „Блумберг“, каде меѓу топ 10. најплатени извршни директори нема ниту една жена.
- Илон Маск – „Тесла“ – 595.266.817 американски долари
- Тим Кук – „Епл“ – 133.727.869 американски долари
- Том Рутхејн – „Чартер Комуникејшн“ – 116.995.201 американски долари
- Џозеф Јаниело – „Виаком ЦБС“ – 116.565.495 американски долари
- Сумит Сунг – „Чјуи Инц“ – 108.158.705 американски долари
- Џонатан Греј – „Блекстоун Груп“ – 107.630.680 долари
- Роберт Свон – „Интел Корп“ – 99.022.847 долари
- Судар Пичаи – „Алфабет“– 86.162.752 долари
- Сатја Надела – „Мајкрософт Корп.“ – 77.289.149 американски долари
- Даглас Инграм – „Серепта Терапеутикс“ – 70.222.746 американски долари