Производителот на специфични жичени кабелски сетови за премиум сегментот во автомобилската индустрија – Дрекслмајер, минатата година беше најголемиот работодавач во државава со просечен број на вработени од 5.896, покажува анализата на Пари во соработка со БизнисМрежа. Тој го истисна Кромберг енд Шуберт, компанија што се занимава со комплексни системи за ожичување во автомобилската индустрија, а која во 2023 година, со 6.858 вработени, се наоѓаше на прво место.
Третиот најголем работодавач, Амфенол технолоџи од Кочани, има значајно помал број на вработени – 3.053, што е 10,6 насто повеќе отколку во 2023 година. Дрекслмајер и Кромберг енд Шуберт, пак, во 2024 г. го намалија бројот на вработени, и тоа Дрекслмајер за 6,4 насто, а Кромберг енд Шуберт за 16,7 насто.
Кај стоте најголеми работодавачи има вкупно 88.281 вработен, што е повеќе отколку во 2023 година, кога сите овие компании заедно вработувале 86.454 работници. Со над 1.000 вработени има 23 фирми во Македонија.
Целиот список на најголемите работодавачи погледнете го во продолжение:
Редакција Пари
Лектор: Христина Ангелеска-Мијоска