
Во текот на изминатата година во Cineplexx беа прикажани повеќе од 60 различни филмови, што ја потврдува богатата и разновидна кино-програма понудена пред македонската публика.
Меѓу најуспешните проекции во 2025 година, во топ 10 најгледани филмови се најде и македонското остварување Диџеј Ахмет, што означи една значајна пресвртница – домашен филм што се избори за своја позиција меѓу најгледаните наслови на годината.
Првата сезона на летно кино на отворено, организирана во 2025 година од Cineplexx и Skopje City Mall, се покажа како значајна новина во културната програма на градот и привлече голем број посетители. Сите проекции беа распродадени во рок од неколку часа, а вкупниот број на посетители надмина 10.000, со вкупно 30 прикажани филма на отворено.
Особено значајна беше светската премиера на филмот Naked Gun, што ја одбележа програмата, при што дистрибутерите го препознаа потенцијалот и важноста на летното кино како платформа за истакнување на нови филмски проекти. По успешната прва година на Rooftop Open Air Cinema, Cineplexx повторно ја најавува реализацијата на летно кино и за 2026 година, со уште поразновидна програма и поширок избор на филмови што ќе ги привлекуваат љубителите на филмската уметност на отворено.

Значајно за летното кино беше и одбележувањето на 20-годишнината на најгледаниот македонски филм на сите времиња – БалканКан, со проекција која по две децении повторно беше прикажана пред публика во Скопје
Аналитика








