ПОВЕЌЕ

    Најдоброто од вас

    Време зa читање: 4 минути

    Успехот за луѓето е категорија која секој си ја карактеризира како што сака, па за некои, успехот го карактеризираат со високи перформанси, некои со убава заработувачка и стабилен приход, а некои, пак, дека постојано прават добро за другите или едноставно правејќи добро тие имаат внатрешен мир. Но како старееме, така и дефиницијата за успех се менува и се прилагодува на новите потреби. Односно, оваа категорија луѓе, некако имаат тенденција секогаш да го вадат најдоброто и секогаш да стремат кон нешто ново и повисоко од претходното.

    Но, за жал, има голема група луѓе кои имаат тенденција да „заглават” во збунетоста на дефинирањето на успехот и да се задоволуваат со мали и егоистички потреби, наместо колективни потреби, со што го менуваат концептот на успех. Едноставно, не го вадат најдоброто од себе туку баш напротив, го вадат најлошото од нив.

    Затоа, еве ви неколку совети, како да го извадите најдоброто од себеси или од другите:

    • Верба во вас и во вашите колеги од првиот ден – знаете како, сите ние сме биле на интервју од кое сме имале некое очекување и сме си ветиле нешто. Тие,пак, од другата страна, нè примиле на работа или ни довериле нешто, поради тоа што сме го ветиле. Ако ние немаме верба во самите себеси, дека ќе го исполниме тоа што сме го ветиле, тогаш како може да очекуваме во иднина да ни веруваат. Вербата во себе е поврзана со вербата во другите дека може да ви помогнат во остварување на целите.
    • Постојана едукација – доколку сакате да го извадите најдоброто од вас и од другите околу вас, потребно е постојано да инвестирање во едукација. Едукација, но не мислам само на неформална или формална туку и да се дружите со луѓето од кои знаете дека може нешто да научите, читајте статии поврзани со вашата работа или хоби додека патувате или сте во тоалет, одете на едукативни семинари, само, не чекајте да ви платат.
    • Инвестирање во постојан развој – инвестирањето во ваш развој е поврзано со прeземање на одговорност, проактивност и сè поголема инволвираност во извршувањето на работите. Само така можете да учите секој ден сè повеќе и повеќе, да се подобрувате и да бидете најдобри! Ако, пак, сте затворени во својот круг, тогаш таму и ќе останете цел живот. Излезете од конформната зона.
      Комуникација – вашата комуникација треба да биде едноставна и чиста. За да биде тоа така, мора да сте искрени со себе и да си одговорите на прашањето: дали сте добар комуникатор? Дали луѓето ве разбираат или не? Не можете да го давате најдоброто од себе, ако не знаете да комуницирате. Ако не знаете да комуницирате, нема да знаете да се разберете, а ако не се разбирате, тогаш кои и какви резултати ќе дадете!?
    • Прослави – она што е убаво и квалитетно имплементирано, прославете го. Она што сте го погрешиле, научете нешто од него и бидете подобри следниот пат.

    Луѓе, ве преколнувам, извадете го најдоброто од себеси, а не најлошото! Само така ќе можете да одите напред, а и сите околу вас!

    „Tip of the Week“ се авторски текстови што се објавуваат на www.pari.com.mk во соработка со www.tipoftheweek.co обработуваат теми од секојдневниот живот коишто помогат да го подобрите вашето лично и професионално работење. Како сублимат на првите 100 совети издадени се единствените прирачници за личен и професионален развој:

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично