ПОВЕЌЕ

    Награда од по 9.100 евра за членовите на НО на Комерцијална банка

    Време зa читање: 2 минути

    Со износ од 3.920.000 денари, или во противвредност од 63,7 илјади евра, Комерцијална банка АД Скопје ќе ги награди членовите на Надзорниот одбор. За исполнетите обврски седуммината членови ќе добијат по 9.100 евра. Овие средства спаѓаат во трошоците на Банката.

    Надзорниот одбор на Комерцијална банка го сочинуваат:

    • Сава Димитрова, претседател и независен член – важи за успешен стопанственик и менаџер, која долги години ја предводеше најстарата фабрика за кондиторски производи на Балканот – „Европа“;
    • Таки Фити, заменик претседател и член – академик, професор и декан на Економски факултет при УКИМ, поранешен министер за финансии;
    • Горан Антевски, член – магистер по машински науки, управител на Друштвото за производство и трговија Раде Кончар – ТЕП ДООЕЛ Cкопје;
    • Сашо Наумоски, член – дипломиран економист, генерален извршен директор на ПИ Витаминка АД Прилеп;
    • Александра Максимовска – Стојкова, независен член – редовен професор по финансово право на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при УКИМ, постојан член на Европската асоцијација на професори по даночно право;
    • Ванчо Чифлиганец, член – долгогодишен стопанственик и професор по геологија и менаџмент, сопственик и менаџер на градежната компанија АДОРА Инженеринг ДООЕЛ Скопје;
    • Фатмир Етеми, член – управител на ЗСФ КОМ Скопје и претседател на НО на Скопски пазар.

    Во текот на минатата година Надзорниот одбор одржал десет редовни седници.

    Инаку, овој состав го одработува својот втор мандат, кој е со важност до 20 мај идната година.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично