Цената на нафтата од марката Брент, за испораки во јули, на Лондонската берза денеска порасна за 11.88 проценти и сега чини 30.43 долари за барел.
Последен пат кога цената на нафата од оваа марка чинеше повеќе од 30 долари беше на 1 април 2020 година.
Претходно, се објавија извештаи дека цените на нафтата може да се зголемат бидејќи постои надеж за обнова на побарувачката.
Во Македонија, марката Брент се користи како репер за утврдување на највисоките цени на нафтени деривати. Ова може да е реален показател за да се очекува поскапување на горивата во нашата земја.