ПОВЕЌЕ

    НАД 6.000 ПОСТАПКИ ЗА НЕПОЧИТУВАЊЕ НА МИНИМАЛЕЦОТ во Германија

    Време зa читање: 2 минути

    Речиси секој четврти работодавач во Германија не ги пријавил своите работници или не ја исплатил законски утврдената минимална плата во текот на 2025 година. Ова го покажуваат најновите податоци од финансиската контрола за борба против непријавена работа, по обемна инспекција спроведена низ целата земја.

    Контролирани биле 25.765 компании, а во дури 6.121 случај биле покренати постапки поради сомневање за прекршување на законот за минимална плата. Бројките откриваат загрижувачка слика за состојбата на пазарот на трудот во најголемата европска економија.

    Особено алармантна е состојбата во угостителството, каде што прекршувањата биле најчести, објави германскиот магазин „Шпигел“. Но, листата на сектори под лупа не застанува тука.

    Меѓу најчесто санкционираните се и компаниите од бродарството, градежништвото, како и фризерските и козметичките салони. Само во овие дејности се покренати повеќе од 500 постапки. Под истрага се нашле и работодавачи од такси-превозот, продажбата на алкохол и секторот за обезбедување.

    Минатата година месечната бруто минимална плата за полно работно време во Германија изнесувала 2.161 евра. И покрај јасно утврдениот законски минимум, илјадници работници очигледно не го добиле она што им следува.

    Овие резултати повторно ја отвораат дебатата за ефективноста на контролите и за потребата од построги мерки против работодавачите што ги заобиколуваат законските обврски.

    (Фото: Unsplash)

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично