ПОВЕЌЕ

    Над 4 милијарди евра побарувачка за 10. Eврообврзница на Македонија

    Време зa читање: 3 минути

    Голем интерес што се вреднува со износ од над четири милијарди евра пројавија меѓународните инвеститори за десетатат Eврообврзница емитувана во две транши од по 500 милиони евра што ја издаде Министерството за финансии. Конкретно, за четиригодишната, која носи камата од 3,875 насто се пријавени 1,8 милијарди, а за осумгодишната обврзница со стапка од 4,750 насто – 2,25 милијарди евра.

    Во текот на денот Пари веќе пишуваше за заинтересираноста што ја предизвикаа еврообврзниците од вкупно милијарда евра. Уште на самиот старт од инвеститорите беа запишани повеќе од 2,5 милијарди евра.

    Од успешно реализираната аукција за издавање на 10-тата еврообврзница задоволни се и во Министерството за финансии.

    „Фактот дека Министерството успеа да пласира осумгодишна обврзница дополнително говори за довербата во реформските планови на Министерството за финансии и Владата, имајќи предвид дека последен пат вакво доспевање беше постигнато пред повеќе од дваесет години.

    Само еден час по објавувањето на почетните каматни стапки, побарувачката од инвеститорите достигна импресивни две милијарди евра, со диверзифицирана база на инвеститори ширум светот, вклучувајќи еминентни институционални инвеститори од Германија, САД и Велика Британија.

    ПАРИ ДОЗНАВА: Државата издава две еврообврзници за милијарда евра – Интересот на инвеститорите двојно поголем

    Пред отворањето наhttps://pari.com.mk/pari-doznava-drzavata-izdava-dve-evroobvrznici-za-milijarda-evra/ американскиот пазар, книгата на инвеститори достигна дури три милијарди евра, а по неговото отворање максималната понуда надмина четири милијари евра,  што претставува исклучителен показател за силната доверба во економските политики и стабилноста на земјата“, се посочува во информацијата од Финансии.

    Воедно, се нагласува дека било привлечено вниманието на над 150 инвеститори ширум светот, кои „изразија интерес да ја поддржат државата во овој проект, што претставува дополнителен квантитативен доказ во прилог на фискалната стратегија на Министерството за финансии“.

    Што се однесува до каматит, се наведува дека и кај двете транши стапката е најблиска во однос на референтната вредност на Еурибор, споредувајќи ги сите издавања на обврзници во последните дваесет години.

    „Со изборот на стратешкиот моментот на издавање, како и со структурата на задолжувањето, беше постигнато значително намалување на приносите – конкурентно во однос на земјите со инвестициски кредитен рејтинг (околу 0,5% во споредба со просекот од 0,25%). Тоа дополнително се потврдува со фактот за големата побарувачка од страна на најеминентните меѓународни инвеститори.

    Излезот на меѓународниот пазар има стратешки карактер, имајќи ги предвид потенцијалните турбуленции во доменот на геополитиката и макроекономската неизвесност на глобално ниво“, велат од Министерството за финансии.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично