
Јавната понуда на Комерцијална банка заврши со стонастотна реализација. Продадени се сите 558 обични акции, во вкупен износ од 15.568.758 денари. Или, за над 253 илјади евра.
Во информацијата објавена на Македонска берза, од Банката известуваат дека продажбата на сопствените акции по пат на јавна понуда завршила вчера (12.01.2026).
„По завршување на рокот за реализација на јавната понуда, од понудените 558 обични акции, продадени се вкупно 558 обични акции во вкупен износ од 15.568.758,00 денари, со што јавната понуда е реализирана со процент на реализација од 100%“.
Исто така, се наведува дека хартиите од вредност ќе бидат пријавени за упис во депозитарот на хартии од вредност.
„Правата од хартиите од вредност настануваат по уписот на хартиите од вредност на сметка на сопственикот во депозитарот за хартии од вредност“.
Оваа активност, претходно одобрена од Комисијата за хартии од вредност, Комерцијална банка ја реализира заради исполнување на законската обврска за оттуѓување на сопствени акции во утврден рок.
Аналитика








