ПОВЕЌЕ

    МЗАЕДНИЦА: ДИРЕКТНА ЛИНИЈА СО ОПШТИНАТА И НЕЈЗИНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА – Александар Јованоски од невладината Blink 42 – 21 во „Каде се парите?“

    Време зa читање: 2 минути

    Александар Јовановски од Blink 42 – 21 вели дека „мЗаедница“ е платформа за директна комуникација меѓу граѓаните и општинската професионална администрација. Целта е поотворени општини и јасен канал каде што граѓаните ќе можат да пријават проблеми, да дадат идеи за нивно решавање, но и да се следи до каде е сево ова. Употребата е едноставна и не бара големи дигитални вештини.

    Оно што покажува е дека постои огромен интерес кај граѓаните, особено таму каде што нема потреба да доаѓа директно до шалтерот на општината, да можат тие работи да ги завршат преку мобилен телефон, а исто така да можат во реално време да се информираат од општината што се случува на локално ниво, и сето тоа да се случува во еден структурен и кохезионен начин. Она што го видовме е дека со општината се комуницира на различни канали, тоа е Вибер група, Вотсап група, потоа ако дискусијата се префрли на Фејсбук, таму добива и другата динамика. Ако проблемот бил еден, за улица ако се дискутира, потоа таа дискусија може да се замине во многу погрешен правец. Идејата е оваа дискусија да се одвива на една платформа, а од другата страна ние ги вклучуваме директно општинските службеници кои ја третираат таа тема за која се задолжени.“

    Премиерата е во четврток, во 12.00 часот. Притиснете „сабскрајб“ за повеќе анализи!

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично