ПОВЕЌЕ

    Мнучин влева оптимизам: Економијата ќе закрепне во текот на летото

    Време зa читање: < 1 минутa

    Американскиот министер за финансии Стив Мнучин денеска изјави дека верува оти економијата ќе почне да закрепнува во текот на летото поради економската активност на која се надева во текот на мај и јуни кога некои држави повторно ќе се отвораат.

    Ова е ситуација без преседан. Ова не е финансиска криза, ова е – се угасивме, рече Мнучин.

    Традиционалните економски модели можеби ќе функционираат. Можеби нема, рече тој додавајќи дека смета оти ако економијата се „отвори“ во мај и јуни, таа ќе „отскокне“ во јули, август, септември.

    Мнучин рече дека очекува оти во тие три месеци стапката на раст да биде се поголема.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично