ПОВЕЌЕ

    Многу минуси на Берзата во јуни – Како поминаа најтргуваните акции?

    Време зa читање: 4 минути

    Читајте квалитетна содржина на порталот ПАРИ – таму каде што информацијата вреди

    Пазарната капитализација, бројот на реализираните трансакции и индексот МБИ10 во јуни го носат предзнакот минус. Составот на листата најтргувани акции е ист, со тоа што прометот со нив е опаднат во споредба со претходниот месец. Исклучок е само акцијата на НЛБ банка со која повеќе се тргувало, но како и кај другите, и нејзината просечна вредност е намалена. Промена има и во редоследот – акцијата на Алкалоид, по мајскиот „излет“ на третото, се врати на второто место, односно ги заменија позициите со Стопанска банка Скопје.

    Податоците од јунскиот билтен на Македонска берза велат дека крајниот исход од тргувањето со хартиите од вредност на Комерцијална банка е прометот од 127.929.446 денари и во евра – 2.076.963 (износот е за скоро 27 проценти помал од мајскиот). Во вкупниот берзански промет има удел од 31,98 проценти. Предмет на купопродажба биле 4.598 акции во 523 трансакции. Цената се движела од максималните 29.000, преку минималните 26.500 до просечните 27.822,85 денари.

    ФИНАНСИСКИТЕ ШАМПИОНИ НА АДРИА РЕГИОНОТ: Која банка забележа најголем пораст и најголем профит во 2024 г.?

    Минатиот месец, во 3.172 акции издадени од Алкалоид биле вложени 81.976.939 денари или 1.331.023 евра, што претставува месечен пад од 16,81 процент. Притоа, постигната е просечна вредност од 25.843,93 денари (мах 28.000, мин 24.000 денари). Направени се 336 трансакции, а учеството во берзанскиот промет е 20,49 проценти.

    Максималното ниво што го забележала акцијата на Стопанска банка Скопје е 3.040 денари, минималното 2.620, а просечното е 2.986,81 денар. Истргувана е количина од 17.488 вредносни хартии преку 232 трансакции, прометот изнесува 52.233.289 денари (846.767 евра) и е понизок за 51,25 отсто споредено со мај. Партиципира во вкупниот промет со 13,06 проценти.

    Просечната вредност на акцијата на Макпетрол изнесува 114.912,81 денар. Во текот на месецот се движела од најниските 108.000 до највисоките 118.999 денари. Регистрирани се 129 трансакции и 432 акции, со кои е остварен промет од 49.642.334 денари (805.754 евра), или за 6,97 отсто помалку од мај. Учеството во прометот е 12,41 процент.

    Меѓу најтргуваните, само кај акцијата на НЛБ банка, кога се споредуваат бројките од јуни со тие од мај, има значителни позитивни поместувања. На пример, реализираните трансакции – во мај биле 68, во јуни 155. Повеќе од двојно е поголема количината на истргуваните акции – од 291 во мај на 667 во јуни. Прометот од 39.284.646 денари или 637.388 евра, од мајскиот (17.784.162 денари) е повисок за 120,9 проценти. И, ако во мај уделот бил 3,62 отсто, во јуни е 9,82 отсто. Во тие рамки, цената одела во распон од 55.900 до 60.880 денари, додека просекот е 58.897,52 денари. Единствено вредноста на акцијата бележи пад.

    Берзанските показатели за јуни велат – пазарната капитализација изнесува 359.138.262.826 денари и за еден месец загубила 1,24 процентти; забележани се 1.717 трансакции (↓6,68%); МБИ10 има вредност од 10.565,34 поени (↓0,97%). Стрелка нагоре стои само до прометот, неговиот месечен раст е за 69,04 проценти, со сума од 941.013.036 денари.

    Градежниот сектор со профит од 106,7 милиони евра – Кој заработил, а кој (само) работел?

    Во класичното тргување има пад (-18,29%) на прометот, кој јуни го завршил со 408.905.336 405 денари. И тоа, прометот со акции е 405.742.725 денари со намалување од 17,46 проценти, а со обврзници е 3.162.611 денари и минус од високи 64,21 отсто.

    Сепак, најдрастичен е процентуалниот пад кај блок трансакциите. Во јуни се забележани само два блока (-83,33%) и промет од 6.311.700 денари. За споредба, во мај, преку 12 трансакции биле остварени 56.283.640 денари. Намалувањето е измерено со 88,79 проценти.

    M.A.

    Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и важат условите опишани на следниот линк.
    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично