Веќе има простор во буџетот на централната влада да се приспособи за зголемување на масата за плати од близу 10 проценти, слично на проектираната стапка на инфлација за 2023, вклучително и усогласувањето на минималната плата оваа година, се вели во прелиминарните наоди на мисијата на Меѓународниот монетарен фонд, која од петти до девети јуни престојуваше во Македонија.
Според нив, разбирливо е што вработените во јавниот сектор бараат повисоки плати, поради тоа што растот на потрошувачките цени во последните години ја намали куповната моќ на домаќинствата.
Сепак, предупредуваат од ММФ, се што е над тоа би создало големо и трајно оптоварување на буџетот, а исто така би ризикувало да ги истисне другите суштински трошоци.
Исто така, посочуваат – големите зголемувања на платите би можеле да ја трансформираат привремено високата во постојано висока инфлација.