Ако сакаме да бидеме успешни, како во секојдневниот живот, така слично и во секојневното работење, мораме јасно да знаеме како сакаме да го достигнеме тоа, со кои ресурси и на кој начин. Ова е всушност суштината на контролингот. Во деловната пракса, контролингот со примена на различни инструменти, му помага на менаџментот квалитетно и едноставно да ги оствари деловните цели. Според тоа, контролингот најмалку е поврзан со контрола, односно насочен е кон советодавна улога на менаџментот.
Во целиот тој процес главната улога ја има контролерот, ако тој се потпира само на формалното образование ќе му биде многу тешко да даде квалитетни совети на менаџментот, доколку нема релевантно искуство од меѓународна деловна пракса. Од таа причина ние во Контролинг Бизнис Центар спроведуваме меѓународна сертифицирана програма со сертифициран тренер од областа на контролинг, од најдобрата светска школа за контролинг Controller Academie од Минхен (Митка Мојсовска), верифицирана од страна на IGC ( International Group of Controlling ) се со цел слушателите да се стекнат со меѓународен сертификат и искуство од меѓународната пракса. Според тоа формалното образование е добредојдено, но би истакнала дека, добар морнар е оној кој преживеал многу бури, така и за контролерот, оној кој нема релевантно практично искуство, многу тешко може да биде добар советник на менаџментот.
Како и секоја професија така и контролерот треба да поседува одредени вештини, според најновите трендови, контролерот треба да има стручни компетенции, лични компетенции и концептуално-когнитивни. Секако љубовта спрема бројките односно математиката е многу важна, а пред се треба да биде и аналитична особа, во деловната пракса во контролинг најчесто доаѓаат особи од финансии, сметководство, план и анализа, IT, особи кои се занимаваат со водење на проекти, буџети итн.
Зошто е важен контролингот и за мали и за големи компании?
Фигуративно, и едните и другите мора да знаат каде се движат односно кои се нивните цели како компании, со кои ресурси и на кој начин ќе ги постигнат деловните цели…. според тоа контролингот како функција подеднакво е важен и за мали и за големи компании.
Често во пракса се зборува дека контролингот е исклучиво резервиран за големите компании, тоа е заблуда, доколку голема компанија влезе во зона на “несигурност” по правило “лесно се извлекува” во споредба со малите компании, а тоа најчесто е поради достапност до капитал и природата на сопственичката структура на самата организација. Оние компании кои поради големината или некои други околности не може да си дозволат сектор за контролинг, се почесто користат надворешни советодавни услуги за контролинг за одредено време.
За професионално изведување на процесот на контролинг во компаниите, многу важна улога имаат сметководствените податоци и од особена важност е тие да бидат точни, навремени и содржајни во смисла да постои посебна аналитика со сите димензии на книжење. Покрај добро организираните сметководствени податоци исто толку важен момент е информатичката структура односно информатичкото решение, тоа е основна алатка на секој контролер кој има задача да ги структуира и организира податоците на начин кој што ќе му покаже на менаџментот кои KPI се најважни, од кои производи/услуги компанијата најмногу остварува профит, од кои купувачи профитираме, каде може да направиме заштеди, каде трошиме несоодветно, што можеме да оптимизираме итн… Најдобро е компанијата да има IT решение софтвер за поддршка на контролинг во големите компании тоа е must, додека во малите организации обично се користи excel како алатка, а според најновите трендови тој се комбинира со бесплатната алатка на Microsoft Power BI. Исто така се повеќе се користат алати за напредни визуализации на деловните извештаи како на пример Zebra BI Zebra BI Tables – the most powerful matrix visual in Power BI согласно HICHERT-IBSC мешународни стандарди за деловна комуникација.
Колкава е застапеноста на контролингот како функција во Македонија? Ако не е доволна, што мислите дека недостасува?
Контролингот како функција во нашата држава на жалост, застапен е исклучиво во големите компании, а од скоро ме радува што постои иницијатива и во помалите организации, многу често оваа функција се поистоветува со сектор за план и анализа, но веднаш би кажала дека тоа не е исто, она што е многу позитивно е дека кај нас постојат голем број на обучени и сертифицирани контролери кои се спремни за оваа позиција, во моментов имаме активен упис за четврта генерација на сертифицирани контролери. Исто така можам да истакнам дека во последниве години се повеќе се зголемува побарувачката за вработување на контролер во организациите и се надевам дека тој тренд се повеќе и повеќе ќе се зголемува.
Она што недостасува кај нас е тоа што менаџментот не е доволно едуциран за функцијата контролер, вообичаено не знаат кои се придобивките од оваа функција во организацијата и од таа причина ги охрабрувам сите организации да вложуваат во оваа функција од причина што користа од контролинг функцијата е многу поголема од вложувањето.
Биди дел од четвртата генерација на контолери
Пријави се:
[email protected]
Локација:
23 Октомври 20/1, Скопје
Телефон:
071334845
Повеќе инфо на:
www.controlling.mk