ПОВЕЌЕ

    Митески: По изборите почнуваме со изградба на првото кино и театар во Аеродром

    Време зa читање: 2 минути

    „Во интерес на граѓаните, ќе реализираме капитални проекти. Многу скоро по вториот круг на избори почнуваме со првото кино и театар во Аеродром, веќе имаме потпишан договор, издадено одобрение за градење и за многу скоро ќе почнеме и со фактичка реализација на лице место“, рече Дејан Митески, кандидат за градоначалник на Општина Аеродром од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, во емисијата Студио 10 на ТВ 24.

    Митески истакна дел од капиталните проекти кои се предвидени да се реализираат во општина Аеродром, во интерес на граѓаните и со цел да се обезбедат подобри услуги и услови за живот.

    „Изработка на сообраќаен проект за решавање на сообраќајниот хаос во Стар Аеродром и Мичурин за систем за еднонасочни улици и воведување на дополнителни паркинг места на постоечката инфраструктура којашто постои во тој дел на општината. Изградба на нова спортска сала во делот позади ФФМ, веќе е распишан тендер од страна на Министерството за спорт, и конечно да го оплемениме тој простор. Покрај спортска сала, предвидени се и отворени спортски терени. Во првата година од мандатот ќе започнеме со изградба на нова градинка, Пчелка 1 во населба Лисиче, се со цел да обезбедиме подобри услуги за граѓаните“, истакна Митески.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично