Денес, последниот ден на Глобалната недела на пари, во организација на Македонската банкарска асоцијација во соработка со Народната банка и Комисијата за хартии од вредност, се одржа финалето на националниот натпревар Европски квиз на пари 2023.
Во првиот круг беа избрани најдобрите 3 тима во земјата од вкупно пријавените 391 тим од 76 основни и средни училишта, менторирани од 101 наставник/професор. На македонски јазик се натпреваруваа 379 тимови, а 16 се натпреваруваа на албански јазик.
Победничкиот тим кој ќе ја претставува нашата земја на европското финале на 16-ти мај во Брисел, Белгија се Кирил Китевски и Кристијан Лазароски од ООУ “Мите Богоевски” – Ресен под менторство на Соња Стрезовска.
Второто место го освоија Благоја Трајчески и Теодора Трпоска од СОЕУ “Јане Сандански” – Битола под менторство на Билјана Кочовска , додека третопласирани беа Никола Павловски и Дарија Јакимовска од ОУ “Гоце Делчев” – н.Илинден, под менторство на Данче Нацевска.
Нашата земја по петти пат учествува на овој проект на Европската банкарска федерација, наменет за финансиска писменост на ученици од 13 до 15 години.