ПОВЕЌЕ

    Минт Visa во чекор со вашите потреби – сега достапна и на Google Pay

    Време зa читање: 2 минути

    Плаќањето влегува во нова ера – побрзо, поедноставно и попаметно од кога било. Mint Visa кобрендираната картичка сега е достапна на Google Pay, носејќи ново ниво на удобност, брзина и сигурност во секојдневните трансакции.

    Заборавете на физичките картички и паричници. Со само неколку чекори, вашиот мобилен телефон станува дигитален паричник, подготвен за плаќање во продавници, онлајн или каде било каде што има бесконтактен ПОС терминал. Едноставно отклучете го уредот и доближете го, плаќањето е завршено за неколку секунди.

    Она што ја прави оваа услуга вистински чекор напред е безбедноста. Google Pay користи напредна токенизација – технологија што заменува чувствителни податоци со уникатен виртуелен код. Тоа значи дека вашите податоци остануваат заштитени, а секое плаќање е сигурно.

    Активирањето е брзо и едноставно. Сè што ви е потребно е Android уред, инсталиран Google Wallet и вашата Минт Visa кобрендирана картичка.

    Дополнително, користењето на Google Pay е целосно бесплатно, без скриени трошоци за додавање на картичката или за извршување плаќања. Вие добивате модерно решение без дополнителен финансиски товар.

    Со оваа нова функционалност, Минт Кредит уште еднаш покажува дека е во чекор со современите навики на корисниците. Брзината, сигурноста и едноставноста повеќе не се луксуз – туку стандард.

    Изберете паметно. Плаќајте дигитално со Минт Visa кобрендираната картичка.

    За дополнителни информации контактирајте нѐ на 15 107, нашата веб страна, или во најблиската филијали до Вас.

    ПР Објава

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично