ПОВЕЌЕ

    Миноски: Зголемувањето на прагот за ддв ќе ги ослободи малите фирми да растат

    Време зa читање: 2 минути

    Микро и малите компаниите во Македонија често не растат за да не влезат во системот на ДДВ, што автоматски им носи нови административни обврски и финансиски трошоци. Во поткастот „Каде се парите? со Горан Теменугов“, поранешниот министер за финансии Кирил Миноски објаснува дека ваквиот модел создава „плафон“ до каде може да растат бизнисите. Наместо да се стимулира развој, фирмите остануваат мали, што има негативни ефекти врз целата економија. Според него, решението е јасно – зголемување на прагот за ДДВ и создавање услови за органски раст. Дополнително, тоа ќе влијае и на намалувањето на сивата економија, смета Миноски.

    „Кога компанијата ќе го надмине прагот и ќе премине, ќе добие статус на квартален месечен обврзник или три месечен даночен обврзник, во тој момент, при секое издавање на фактура во тој даночен период, односно во кварталот, независно дали е таа платена или не е наплатена, мора да се исплати износот на ДДВ, се поднесува квартална даночна пријава и мора да се уплати износот на ДДВ. Може да се случи компанијата да издаде фактура меѓутоа, таа да се наплати после неколку месеци.

    Или да не ја наплати воопшто?

    Или да бе ја наплати воопшто. Дополнително со пресметувањето на износот на ДДВ поскапува услугата на малата компанија. Тоа значи дека доколку мојата услуга чини 100 денари, кога ќе го надминам прагот, таа ќе чини 118 денари. Тоа е и зголемување на трошок.“

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично