ПОВЕЌЕ

    Министерството за здравство и додели благодарница на Стопанска банка АД – Скопје

    Време зa читање: 2 минути

    Од почетокот на пандемијата, Стопанска банка АД – Скопје одговорно делува преку бројни активности за заштита на здравјето на вработените, клиентите и на пошироката заедница.

    Банката инвестира во едукација, во подобрување на хигиената, вложува во опрема за заштита на работното место и во достапноста преку 24/7 дигиталните канали и услуги.

    Дополнително, во повеќе наврати Стопанска банка АД – Скопје донираше вредна опрема во клиничките центри и институциите кои се грижат за здравјето на граѓаните.

    Токму поради целата таа посветеност за брзо и полесно надминување на корона кризата, Министерството за здравство и додели благодарница на Стопанска банка АД – Скопје за придонесот и ангажманот при справување со пандемијата предизвикана од коронавирусот Ковид-19.

    „Благодарноста која ја имаме за здравствените работници е огромна и се радуваме доколку успеавме да им бидеме од помош во оваа битка со коронавирусот.”, велат од Стопанска банка АД – Скопје.

    Битката е заедничка и секој од нас мора да продолжи да ги применува трите најосновни правила за заштита:
    – одржување на соодветно растојание
    – користење на маска/марама и
    – често миење на рацете

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично