
Виктор Митевски од ЗМАИ – Здружение за истражување и анализи, ја става дебатата за минималната плата во рамка на продуктивноста. Според истражувањето на ЗМАИ и Виенскиот институт, платите кај нас се околу 1/3 од просекот на ЕУ, додека продуктивноста е над 1/2 од таа во Унијата, што имплицира дека има простор за раст, но не на сметка на ефикасноста. Решението во повисоки го гледа во примена на технологија, дигитализација и на готовината од економијата.
„Тоа што го кажува ова истражување е дека ние во моментов сме на, врз основана просечната плата, на една третина од европскиот просек, односно 33%, а од аспект на продуктивност сме на 50%. Ако ги гледаме само овие два фактори, можеме да кажеме дека ние имаме поголема продуктивност од тоа што сме платени, кај нас треба по ди фолт да растат платите. Дали има простор за растење на платите? Да.
Дали треба да растат платите? Да. Дали треба на сметка на продуктивност да растат платите? Јас би рекол не.“
Премиера: четврток 12:00 часот, притиснете „Subscribe“ и следете нè.
 Аналитика
 Аналитика



 
                                     
                                    




