И покрај повеќедецениската кампања против пушењето, во светот има околу една милијарда пушачи, покажа панелот за намалување на штетите од пушењето, во рамките на меѓународната конференција „Преиспитување на фактите за штетното однесување за здравствена отпорност“, што се одржа на 30 мај во Софија.
На конференцијата која во пресрет на Светскиот ден без тутунски чад, на 31 мај ја организираше компанијата Arbilis – организатор на научни конференции од Бугарија – на тема намалување на штетноста од лошите навики, научниците повторија дека земјите треба да се стремат кон животна средина без чад од тутунот.
Сепак, луѓето кои се „закоравени“ пушачи многу е тешко да се убедат да се откажат од пушењето, вели професорот Реувен Зимлихман, шеф на одделението за медицина и Институтот за хипертензија во израелскиот медицински центар Е. Волфсон и директор на Институтот за кардиоваскуларни истражувања на Медицинскиот факултет Саклер во Тел Авив.
Според податоците што ги изнесе, речиси 50% од пушачите кои доживеале инфаркт и 57% од оние кои доживеале мозочен удар продолжуваат да пушат.
„Како лекари не успеавме во напорите да го сузбиеме пушењето, имајќи предвид дека бројот на пушачи на глобално ниво останува непроменет. Милијарда пушачи е сведоштво за нашиот неуспех и сега е јасно дека треба да најдеме друго решение“, наведе професорот Зимлихман.
Тој додаде дека веќе се достапни различни алтернативи без чад со помала штета по здравјето, како што се снус (никотински кесички кои се ставаат помеѓу усните и непцата), електронски цигари и производи кои го загреваат тутунот, при што штетните материи се намалени за 95%, затоа што тутунот се загрева, а не согорува.
„Дали сфаќате колку животи можеме да спасиме на една милијарда пушачи“, запраш професорот.
Тој како пример ја наведе Шведска, во која поради снусот стапката на пушење е рекордно ниска – околу 5 проценти.
„Колку смртни случаи се избегнати во Шведска и уште колку животи би можеле да се спасат доколку се укине забраната за снус во Европа“?, додаде професорот Зимлихман.
Професорот Борислав Георгиев, начелник на Клиниката за кардиологија на Националната кардиолошка болница во Софија наведе дека пациентите се будат после тешка операција и бараат цигара.
„Тешките пушачи „престануваа“ да пушат 50 пати, па сега се обидуваме да пронајдеме алтернатива и модерен пристап за откажување од пушење и опкружување без чад“, додаде тој.
„Принципот на намалување на штети треба да се примени на сите зависности. Намалувањето на штетноста од пушење се дефинира како минимизирање на штетата и намалување на вкупната смртност и морбидитет без целосно да се елиминира употребата на тутун и никотин“, објасни проф. Христо Кожухаров, шеф на Втората психијатриска клиника во Варна и претседател на Бугарското здружение на психијатри.
Д-р. Рада Прокопова, кардиолог, раководител на кардиолошкиот оддел во болницата „Света Ана“ во Софија изјави дека пушењето годишно убива половина од пушачите, со уште 600.000 луѓе, кои годишно се изложени на пасивно пушење. Таа наведе и дека чадот од цигарите предизвикува 40% од срцевите заболувања, го зголемува холестеролот за 24% и го зголемува крвниот притисок за 31%.
„Пушењето е глобална причина за смрт, што може да се спречи. Првиот чекор е пушачите да го намалат бројот на испушени цигари дневно, а доколку не се во состојба да го сторат тоа, да се префрлат на алтернативи без чад кои го елиминираат пасивното пушење. На овој начин ќе си помогнат себеси и на своите најблиски“, заклучи др. Прокопова.
ПР Објава