Добро е што излеговме од сложениот процес на арбитража со „Синохидро“, инаку имаше опасност да плаќаме пенали од 50 милиони евра народни пари, рече премиерот Христијан Мицкоски.
„Тоа е арбитража која што ја има започнато подизведувач кон Синохидро, а Синохидро кон државата. Со аргументиран пристап, можам да кажам дека во изминатите 30 дена се обезбеди таа арбитража да биде повлечена. Инаку, постоеше опасност да бидат потрошени минимум 50 милиони евра народни пари и тоа се средства кои сега ќе ги имаме повеќе за бизнисот, повеќе за граѓаните, повеќе за капитални инвестиции. Добро е што излеговме од тој сложен процес без да бидеме подложни на пенали“, истакна Мицкоски во одговор на новинарско прашање за повлекување на кинеската компанија од спорот против државата за изградбата на автопатот Кичево-Охрид.