ПОВЕЌЕ

    Мермерен комбинат: Од акумулираната добивка – за дивиденда над 19 милиони евра

    Време зa читање: < 1 минутa

    Дивиденда од 1.170.261.574 денари или повеќе од 19 милиони евра ќе поделат акционерите на прилепскиот Мермерен комбинат. Средствата се од акумулираната добивка остварена до 31 декември 2022 година, а одлуката за распределување е донесена на вчера одржаното Собрание на акционери.

    Износот на бруто-дивидендата по акција е 4,06 евра по курс од 61,50 денари, пишува во известувањето од Комбинатот, објавено на Македоска берза.

    Последниот ден за тргување со право на дивиденда е 21 декември, а прв ден за тргување без тоа право е 22 декември.

    Датумот за евиденција на акционерито кои имаат право на дивиденда е 25, а исплата ќе почне на 26 месецов.

    Минатиот месец прилепскиот Мермерен комбинат заврши со процесот на преземање и официјално е во сопственост на грчки „Павлидис“.

    Во деветте месеци од работењето остварил нето-добивка од 9,3 милиони евра.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично