ПОВЕЌЕ

    МЕНАЏЕРСКАТА ПЕТОРКА КУПИ 800 АКЦИИ НА АЛКАЛОИД – силна порака за инвеститорите

    Време зa читање: 2 минути

    Пет ценовно чувствители информации, пет реченици и силна порака до инвеститорската јавност: 800 акции на „Алкалоид“ се купени од највисокото раководство, од петмината директори во составот на Управниот одбор.

    Првиот човек на најголемата и најуспешна домашна фармацевтска компанија, Живко Мукаетов, во своја сопственост има дополнителни 300 акции.

    „Известуваме дека Живко Мукаетов, претседател на Управниот одбор и генерален директор на АЛКАЛОИД АД Скопје, се стекна со 300 обични акции издадени од АЛКАЛОИД АД Скопје“, се вели во објавата на Македонска берза.

    Исти се и другите известувања за промена на сопственоста на членовите на Управниот одбор. Директорот на Финансии, Виктор Стојчевски, се стекнал со 200 обични акции, директорот на Службата за општи работи, Ќире Ицев, со 150 обични акции, директорот на Акционерство и имотни прашања, Ѓорѓи Јованов, со 100 обични и Оливера Панева, која е одговорна за обезбедување квалитет и за интегрираниот менаџмент-систем со 50 обични акции.

    Нема податок за тоа по која цена се купени акциите, но нивната вредност е во постојан подем. Според официјалната берзанска дневна листа, вчера прсечната цена изнесувала 20.355,31 денар. За инвеститорската, па и за пошироката јавност која ги следи случувањата на Македонска берза, познато е дека акциите на „Алкалоид“ имаат статус на едни од најтргуваните и најликвидните. Во текот на минатата година цената се движеше од 17.199 до 18.500 денари или просечно 17.781,93 денари за акција. Акциите издадени од оваа фармацевтска куќа се во сопственост на 5.487 акционери.

    За стабилноста и успешноста на „Алкалоид“ зборуваат и остварувањата. Минатата година компанијата ја заврши со добивка од 24,7 милиони евра, извоз од 183,9 милиони евра и инвестиции од 28,3 милиони евра.

     

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично