Под покровителство на Меѓународното здружение на контролори (ICV- International Controller Verein), консултанската компанија Контролинг Бизнис Центар од Скопје ја организира четвртата по ред Меѓународна конференција за контролинг на тема: POINT OF DECISION – Controlling. Темата е инспирирана од неизбежната функција на контролингот во сите подрачја и области. Сведоци сме дека во последните години контролингот е најчесто дискутирана тема, неговата употреба станува нужност во деловниот свет, се настојува да се имплементира во сите области, едукација на контролори и менаџери на сите хиерархиски нивоа, сѐ со цел да се подобри продуктивноста на самите организации. Постигнувањето деловен успех е цел на речиси сите организации, без разлика дали се приватни или јавни. А, за тоа е потребно да се обезбедат корисни и правовремени информации, врз чија основа управувањето со организацијата би било ефикасно и ефективно. Одговорноста на менаџментот за успехот на компанијата сѐ повеќе создава товар на топ менаџментот во компаниите, поради што последниве години голем број организации пристапија кон имплементација на контролинг системот, со цел да добијат поквалитетно управување со идните случувања и врз основа на информациите од контролинг. Во таа насока, брзиот развој на технологијата бара од организациите и менаџерите прилагодување кон промените, создавање агилни организации, автоматизација на процеси и оптимизација на оперативните активности, како би можеле да останат конкурентни на пазарот. Со помош на контролинг функцијата, компаниите стануваат флексибилни и агилни и на тој начин лесно се прилагодуваат на пазарните услови кои непрекинато се менуваат, флексибилноста од друга страна им овозможува да направат брзи промени во стратегијата, производите и услугите кои ги нудат на пазарот, сѐ со цел навремено да реагираат на промените и да создадат нови деловни можности. Контролинг по дефиниција значи управување со процеси, луѓе и информации и сам по себе гради флексибилна и агилна организација. Па, организациите кои имаат воспоставено систем на контролинг имаат компетитивна предност во привлекувањето висококвалификувани вработени, на кои може да им понудат организација со систем на вредности.
Како единствен извор на информации, контролингот исто така помага во ефикасно мерење на клучните индикатори на перформанс (KPI) во организациите врз база на кои се мери продуктивноста и профитабилноста на различни нивоа на менаџмент. Ефикасната комуникација со сите консументи на извештаи во компаниите е двонасочен процес и од таа причина испраќачот на извештајот мора да испрати јасна порака до примачот како би можел да донесе правилна одлука.
Што да очекувате?
Очекувајте извонреден настан од областа на контролинг, на кој ќе присуствуваат извонредни предавачи и панелисти од Македонија, Хрватска и Србија, кои ќе пренесат практични примери од својата област на работење.
Овој настан ќе се одржи на 19 април, од 9 до 17 часот. Ќе бидат обработени различни теми со конкретни примери и ќе се обидеме да решиме многу дилеми, сомнежи, прашања и грижи, кои се поврзани со секојдневното комуницирање во и надвор од компаниите.
За кого е наменета конференцијата?
Конференцијата е наменета за сите сопственици на бизнис, контролори на сите нивоа на менаџмент, менаџери на сите организациски нивоа, сопственици на деловни процеси, аналитичари, стручњаци за ИТ што работат на деловни решенија за поддршка на контролинг и известување (BI, DW, планирање), финансиски и сметководни менаџери, HR менаџери и сите други што сметаат дека треба да го применат новиот начин на управување на компаниите со кој ќе ја зголемат ефикасноста и ефективноста.
Детали за конференцијата:
- Локација: х. Holiday Inn
- Котизација за настанот: 7.100 ден (со вклучен ДДВ), 20% попуст за членови на ICV и 10% попуст за слушатели на Академијата за контролинг (CA Controller Academy)
- За пријавени повеќе од 3 слушатели од иста компанија следува попуст од 20%
- 30% попуст за студенти и невработени, краен рок на пријава 13.04.2023
- За пријава и уплата до 20.03.2024 следува 15% попуст;
- За секој пријавен управител на компанија следува една карта ГРАТИС;
- Пријава и информации на: [email protected]; контакт: 389 71 334 845
- Пристап до конференцијата ќе имаат сите тие што се регистрирале и извршиле уплата до наведениот рок;
- Комуникацијата ќе се изведува на:македонски, хрватски и српски јазик;
- Конференцијата ќе биде отворена 30 минути пред почетокот;
- Презентациите од настанот ќе им бидат доставени на сите учесници по завршување на конференцијата;
- Нема да биде дозволено снимање на настанот;
- Попустите не се собираат
Генерален покровител: ЕВН Македонија
Златен покровител: KOLA, Sparkasse leasing и Data Sense
Сребрен покровител: ZEGIN
Автор: Митка Мојсовска – КОНТРОЛИНГ БИЗНИС ЦЕНТАР, долгогодишен тренер и имплементатор во областа на контролинг, која повеќе од 10 години во континуитет ги следи и имплементира искуствата од регионот и Европа. Митка Мојсовска е единствен лиценциран тренер и партнер на Controller Akademie Munich во Република Северна Македонија.