ПОВЕЌЕ

    МБА му додели благодарница за особен придонес на Зоран Грнчаровски од НЛБ Банка

    Време зa читање: 2 минути

    Како секогаш со големо задоволство ги споделуваме успесите на нашите колеги кои претставуваат гордост и поттик во секојдневното работење.

    Овој пат нашиот колега Зоран Грнчаровски, директор на Сектор за управување со проблематични пласмани и интезивен третман на клиентите, доби благодарница за особен придонес во работата на МБА во 2021. Признанието го доделува Собранието на Македонската банкарска асоцијација каде Грнчаровски е во функција на заменик претседавач на Комисијата за финансиско реструктурирање на корпоративен долг.

    Му честитаме за ова признание и во контекст на веста тој изјави:

    „Ми преставува чест и задоволство за добиената благодарница за особен придонес во работата на МБА за 2021.

    Како претставник на НЛБ Банка АД Скопје успеав да придонесам со својата активност во рамките на Комисијата за реструктуирање на компании при МБА за имплементирање на стандардизирани -добри деловни практики и принципи за реструктуирање на финансиски долг на правни лица и споделување на позитивно искуство за начините на менаџирање на клиенти кои се соочуваат со финансиски и оперативни проблеми, преку организирање на Работилница на тема: „Реструктуирање на компании“ заедно со колеги од НЛБ дд.

    Преку споделување на стекнатите знаења од оваа област, дополнително сакаме да придонесеме за доедукација и проширување на знаењето на сите вработени во банките во државата кои работат со клиенти со проблеми во работењето“.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично