Pornhub привлекува 3,5 милијарди посети месечно, повеќе од Netflix, Yahoo или Amazon. Pornhub заработува пари од скоро 3 милијарди прегледи на реклами во ден.
Но, сега е под обвинение за објавување на видеа кои содржат силување и одмазничка порнографија.
На овие обвинениа не останаа рамнодушни компаниите со кои соработуваше до неодамна.
Mastercard соопшти дека ќе ја прекине употребата на свои картички за Pornhub откако преку свое истражување, компанијата откри кршење на правилата кои спречуваат објавување на нелегална содржива на сајтот.
Од Mastercard дополнуваат дека ги истражуваат и другите сајтови за порнографска содржина барајќи нелегални објави, додека пак од Visa изјавата е дека ја суспендираат употребата на своите картички на Pornhub иако истражувањето сеуште не е завршено.
Од Pornhub најавија многу промени кои значително ќе влијаат на спречувањето несогласно поставување видео содржини на нивните сервиси и ветија подобра контрола на содржините.
Во колумната на New York Times се напомнува дека Pornhub има само 80 модератори, луѓе кои ја контролираат содржината, додека пак Facebook има над 15.000 модератори само во САД.