Регулаторната комисија за енергетика со својата најнова одлука за малопродажните цени на горивата во земјава ги поскапе бензините.
Според одлукате, се бележи зголемување на цената во просек од 0,83 проценти во однос на цените кои беа донесени со одлуката од минатата недела, но, на бензинските станици на „Макоил“ цените се повторно за 3 денари пониски од препорачаните.
И овој пат „Макоил“ ги намали цените од препорачаните и тоа по следниов редослед:
- На сите други бензински Еуросупер БС-95 се продава по цена од 58,50 денари по литар а во „Макоил“ чини 55,50 денари.
2. Цената на Еуродизел кај другите бензински станици останува 49,50 денари за литар а на „Макоил“ е намалена за 3 денари по литар и чини 46,50 денари.
3. Плинот чини 27 денари за литар.