ПОВЕЌЕ

    КОИ РАМПИ ГИ ОТВОРА НАШАТА ПАТНА ИСПРАВА? – Македонскиот пасош на солидно 43. место

    Време зa читање: 4 минути

    Со македонски пасош без виза може да се патува во 125 држави и територии низ светот. Таа можност ја позиционира нашата патна исправа на солидната 43 позиција, според рангирањето на организацијата „Хенли енд партнерс“, на чија листа се 199 пасоши распоредени на 103 позиции. Основа за истражувањето се информациите кои се користат од најголемата база на податоци, кога се работи за патувањата, Меѓународната асоцијација за воздушен превоз (ИАТА).

    Индексот за пасоши на Хенли, кој опфаќа 227 дестинации за патување, се обновува квартално. Македонскиот пасош прв пат е рангиран во 2009 година, кога бил на 51. место, што е и неговиот најлош пласма на оваа листа. Всушност, гледано низ годините, постојано е во првиот дел од табелата, без поголеми отстапувања. Најдобро котирал во 2014 година, кога се наоѓал на 36. место и во 2013 – на 38-то. На 41. позиција бил во 2021, на 44. бил два пати – во 2011 и 2020, три пати на 45. (2016, 2019, 2022) и на 46-та во 2010 и 2015. Во 2012 година бил рангиран на 47, а во 2017 на 48-то место. На сегашната 43-та позиција македонскиот пасош се наоѓал и во 2018 година.

    За граѓаните со македонска патна исправа рампата е крената во 125 држави, со тоа што за влез во 35 од нив е потребна виза, која се добива веднаш по пристигнувањето.

    Само со пасош може да се влезе во повеќе европски земји: Австрија, Албанија, Андора, Белгија, БиХ, Германија, Грција, Данска, Естонија, Исланд, Италија, Кипар, Косово, Летонија, Литванија, Ликсембург, Малта, Норвешка, Полска, Португалија, Романија, Словачка, Словенија, Србија, Турција, Унгарија, Финска, Франција, Холандија, Хрватска, Чешка, Црна Гора, Швајцарија, Шведска и Шпанија.

    На американскиот континент без виза е можно да се посетат земјите од Карибите, Бахами, Доминиканската Република, Куба… Во Јужна Америка македонскиот пасош е доволен за влез во Аргентина, Бразил, Еквадор, Колумбија, Перу, Чиле…, додека во Централна Америка – во Гватемала, Хондурас, Ел Салвадор, Никарагва и Панама.

    Во Азија, освен пасош задолжителна е и брза виза, односно онаа која се добива по пристигнувањето, а тоа е предвидено за овие земји: Бангладеш, Иран, Источен Тимор, Камбоџа, Киргистан, Лаос, Малдиви, Непал, Тајван и Иран Шри Ланка.

    Само со патната исправа дозволен е влез во Израел, Индонезија, Јапонија, Макао, Малезија, Сингапур, Узбекистан и Хонгконг.

    На африканскиот простор, само со пасош е можно да се посетат Гамбија и Тунис. Брза виза се добива по пристигнувањето во Египет, Мадагаскар и Сејшели.

    Топ 10 патни исправиНајголема слобода на движење обезбедува патната исправа на Сингапур, која е на првата позиција од ранг-листата на „Хенли енд партнерс“. За сопствениците на овој пасош се отвораат рампите на 192 светски дестинации.

    Со можност за слободен пристап до 190 земји и простори, на второто место се пасошите на Германија, Италија и Шпанија.

    Пасошите на седум државо го делат третото место – Австрија, Финска, Франција, Јапонија, Луксембург, Јужна Кореја и Шведска, кои на граѓаните што ги поседуваат им даваат слободен пристап до 189 дестинации.

    Данска, Ирска, Холандија и Велика Британија се на 4. позиција, со можност само со пасош да се влезе во 188 земји.

    Белгија, Чешка Република, Малта, Нов Зеланд, Норвешка, Португалија и Швајцарија со пристап до 187 дестинации се на петтото место.

    На шестата позиција се пасошите на Австралија, Унгарија и Полска, кои ги отвораат „портите“ на 186 земји.

    Канадскиот и грчкиот пасош се на 7. место со пристап до 185 светски одредишта. Литванија и САД ја делат осмата позиција со 184 дестинации, Летонија, Словачка и Словенија се деветти со пристап до 183, а 182 дестинации може да се посетат само со пасошите на Естонија и Исланд.

    Во регионот бугарскиот пасош е 13-ти (176), а на Хрватска 14-ти со 175 дестинации без потреба од претходна виза.

    Србија е на 34-та позиција со 137 дестинации, а Црна Гора со нас го дели се на 43-то место.  додека Пасошот на Босна и Херцеговина и ја обезбеди 47. позиција со можност за пристап до 118 дестинации.

    Албанија со својот пасош е 48-ма(117), а косовската патна исправа со која може без виза да се влезе во 42 замји е на 94-та позиција.

    Последното место како да е резервирано за Авганистан, чии граѓани без претходна виза имаат пристап до 27 дестинации. Нешто поголеми се можностите што ги дава пасошот на Ирак кој е на 102. место со 29 дестинации, Сирија (со 30) е на 101-то, а Пакистан ја зазема стотата позиција со пасош кој крева 33 рампи од државите во светот.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично