ПОВЕЌЕ

    Македонска берза: За необјавените финансиски извештаи јавна опомена и за РЖ Интер-Трансшпед

    Време зa читање: 2 минути

    Јавна опомена од Македонска берза доби и РЖ Интер-Трансшпед. Од страна на друштвото не се објавени финансиските извештаи за минатогодишното работење. Законскиот рок за исполнување на таа обврска истече на први март.

    „На друштвото РЖ Интер-Трансшпед АД Скопје, котирано на Официјалниот пазар на подсегментот Берзанска котација на Македонска берза АД Скопје, му е изречена мерката јавна опомена преку интернет страницата на Берзата, поради необјавување на неревидирани финансиски извештаи (Биланс на состојба, Биланс на успех, Извештај за паричните текови, Извештај за промените во капиталот) за периодот 01.01.-31.12.2024 година најдоцна до 01.03.2025 година, со што издавачот не постапи согласно член 40, став 3 од Правилата за котација“, наведуваат од Берзата.

    Во текот на минатата недела јавна опомена заработија уште пет друштва, а за четири, исто како во последниот случај, причината е необјавувањето на извештаите. Тоа се однесува за Тутунски комбинат АД Прилеп, Вабтек МЗТ АД Скопје, Жито Караорман АД Кичево и за Фабрика Карпош АД Скопје.

    Исто така, јавна опомена има и за ДС Смитх АД Скопје. Друштвото не постапило според правилата и не објавило образложение за постигнатите лански резултати.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично