ПОВЕЌЕ

    Македонска берза: Јавна опомена за Фабрика Карпош

    Време зa читање: < 1 минутa

    Акционерското друштво Фабрика Карпош доби јавна опомена од Македонска берза. Причината е прекршување на правилата за котација. Во дадениот рок до први март, не се објавени финансиските извештаи од минатогодишното работење.

    „На друштвото Фабрика Карпош АД Скопје, котирано на Официјалниот пазар на подсегментот Задолжителна котација на Македонска берза АД Скопје, му е изречена мерката јавна опомена преку интернет страницата на Берзата, поради необјавување на неревидирани финансиски извештаи (Биланс на состојба, Биланс на успех, Извештај за паричните текови, Извештај за промените во капиталот) за периодот 01.01.-31.12.2024 година најдоцна до 01.03.2025 година, со што издавачот не постапи согласно член 40, став 3 од Правилата за котација“, информираат од Македонска берза.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично