ПОВЕЌЕ

    ЕК предвидува:Македонија на дното, која земја ќе биде лидер по економски раст во регионот?

    Време зa читање: 2 минути

    Европската комисија веќе ги објави предвидувањата за економски раст на економиите во регионот. Според прогнозите Македонија годинава ќе оствари пораст од 3,7 проценти, но која економија во регионот ќе оствари најдобри резултати?

    Европската комисија (ЕК) предвидува, во новата пролетна економска прогноза, растот на црногорскиот бруто домашен производ (БДП) од 7,1 процент, што е и највисок раст во регионот. ЕК ги ревидираше есенските прогнози за оваа година, за Црна Гора предвидени на 6,8 проценти. Следната година се очекува оваа земја да има раст од 6,5%.

    ЕК смета дека економијата, и покрај трајните штети предизвикани од пандемијата врз домашните компании и работната сила, може да се приближи на нивото пред пандемија следната година, предводена од туристичката сезона, чии позитивни ефекти ќе се прелеат во приватна потрошувачка, вработување буџетски приходи.

    Кога станува збор за земјите од регионот, ЕК предвидува дека економијата на Србија годинава ќе порасне за 5,3 проценти, Хрватска за пет проценти, Словенија за 4,9 проценти, Албанија за четири проценти и Северна Македонија за 3,7 проценти.

    Кога станува збор за следната година, ЕК предвидува раст на економијата на Хрватска 6,1 процент, Словенија 5,1 процент, Албанија 4,3 проценти, Србија четири проценти и Северна Македонија 3,8 проценти.

    Економијата на ЕУ лани падна во просек за 6,1 процент, додека годинава се очекува раст од 4,2 проценти, а следната година за 4,4 проценти.

    Во еврозоната годинава се очекува економски раст од 4,3 проценти, а следната година 4,4 проценти.

    Шпанија треба да има најголем раст годинава, 5,9 проценти, Франција 5,7 проценти и Хрватска и Унгарија по пет проценти. Следната година, најголем раст се очекува во Шпанија, 6,8 проценти и Хрватска и Малта, со 6,1 процент.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично