ПОВЕЌЕ

    „Македонија Осигурување“ ја зголеми основната главнина со нова емисија на акции

    Време зa читање: 2 минути

    „Македонија Осигурување – Виена Иншуренс Груп“ издаде 201.700 обични акции, по пат на приватна понуда. Станува збор за трета емисија акции, со кои се зголемува основната главнина на компанијата, која сега изнесува 18.460.449,608 евра. Поделена е на 919.162 обични акции, со единечна номинална вредност од 20,084 евра.

    Емитувањето уследи по присоединувањето на „Винер – Виена Иншуренс Груп“ АД Скопје кон ова Друштво.

    Акционерите и сите заинтересирани, за оваа трета емисија, се информираат преку објавата на Македонска берза:

    „Во согласност со Решението на Агенцијата за супервизија на осигурување за издавање дозвола за статусни промени – присоединување на ВИНЕР – Виена Иншуренс Груп АД Скопје кон Друштвото, во согласност со Решението на Агенцијата за супервизија на осигурување за издавање согласност за измена на Статутот на Друштвото, како и во согласност со Решението за давање одобрение за издавање на долгорочни хартии од вредност на Комисијата за хартии од вредност од страна на Друштвото, се изврши зголемување на основната главнина на Друштвото со издавање на 201.700 обични акции, по пат на приватна понуда од III (трета) емисија на акции“.

    Исто така, се наведува дека зголемувањето на основната главнина е запишано во Централниот регистар на 27 јуни, а на трети јули е извршен упис на акциите во Централниот депозитар за хартии од вредност.

     

     

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично