Големи предизвици се пред Македонија околу усогласување со европската и светска регулатива околу прифаќањето на криптовалутите. И во светски рамки овој процес е сложен, но кај нас уште посложен бидејќи нашите банки доцнат со прифаќањето на оваа нова економска реалност. Ова беше кажано во потакстот „Каде се парите? со Горан Теменугов“ каде зборуваат адвокатот Душко Гошевски кој има работено во УЈП и бил комисионер во Комисијата за хартии од вредност, како и правникот Антонио Ѓоргиев попознат на јавноста како Крипто Гемиџија
Инаку, поткастот премиерно се емитува во четврток во 12.00 часот, а потоа може да се погледне на Јутјуб каналот на www.pari.com.mk или @parimedium. Секако, оваа содржина е бесплатна, но нас добро би ни дошло ако притиснете „subscribe“ и поченте да не следите.
„Мора јавноста да разбере зошто банките не може да дозволат да комуницираат со блок-технологијата. Затоа што станува збор за два различни типови технологија. Банките функционираат на стандарден софтвер. Тоа е стандарден софтвер како интернетот каде што вие може да отворите на вашиот пребарувач нов прозорец и од Тутунска банка да трансферирате нешто. Додека за разлика од тоа, блок-чејн (block-chain) функционира сосема различен тип на технологија. Е сега зошто е ова толку битно? Проблемот што моментално светот го има е што се обидува да ги легализира криптовалутите како хартии од вредност. Во ред, но проблемот е што станува збор за хартии од вредност од глобален аспект. Лесно е да регулирате, да речам, хартии од вредност во оваа ситуација во Македонија акции на Алкалоид ако знаете дека овие акции на Алкалоид матично ќе бидат издадени и во најголем дел користени за територијата на Македонија.
Додека станува збор за една глобална криптовалута, таа криптовалута е буквално низ целиот свет. Тука е најголемиот проблем што моментално го проследуваме – тоа што регулативата што ја прават е најчесто на локално ниво. И таквото усогласување што моментално го гледаме меѓу ЕУ и останатите членки, се извинувам, потенцијални членки кои се обидуваат да се усогласат е токму тоа што е потребно.“