Долгорочните заштеди секогаш се стимулираат, затоа што со нив се зголемува стабилноста на депозитната база во банките, вели во поткастот „Каде се парите?“ искусната банкарка и претседателка на Македонската банкарска асоцијација, Маја Штериева, говорејќи за штедењето и за навиките на граѓаните.
„Традицонално како население штедиме во евра. И во еден период, кога денарските каматни стапки беа повисоки од евро каматните стапки, кога беа навистина поатрактивни, почна полека да се менува структурата на штедењето и процентуалното учество на денарските депозити се повеќе да се зголемува“, рече Штериева, нагласувајќи дека наспроти ориентацијата на граѓаните кон еврото, Народната банка на Македонија секогаш настојувала да се зајакне денаризацијата.
Штедачките навики, посочува, почнале да се менуваат во периодите кога била негативна каматната стапка на Еурибор, кога банките даваа 0,01 или „речиси како да не даваа камата на евро-депозитите.