ПОВЕЌЕ

    L’Oréal станува сопственик на Gucci Beauty, Bottega Veneta и Balenciaga за четири милијарди евра

    Време зa читање: 2 минути

    Францускиот луксузен конгломерат Kering, сопственик на брендот Gucci, го продава својот оддел за убавина на L’Oréal за четири милијарди евра, како дел од стратегијата на новиот извршен директор Лука де Мео за пресврт на бизнисот и намалување на долгот на групацијата.

    Со овој договор, L’Oréal ја купува престижната линија на мириси Creed на Kering, основана во 1760 година, како и ексклузивните права за развој на мириси и козметички производи под модните брендови Gucci, Bottega Veneta и Balenciaga – врз основа на 50-годишна лиценца.

    Според Guardian, продажбата ќе му помогне на Kering да го намали својот нето долг, кој изнесуваше 9,5 милијарди евра на крајот на јуни, со дополнителни шест милијарди евра долгорочни обврски за закуп, ублажувајќи ги загриженостите на инвеститорите.

    Ова е првиот голем потег на Де Мео откако ја презеде компанијата пред помалку од два месеци и означува отстапување од стратегијата на неговиот претходник, Франсоа-Анри Пино, чие семејство останува мнозински сопственик на Kering. Пино беше фокусиран на проширување на својот бизнис во областа на убавината и козметиката, додека Де Мео сега има за цел да се врати на основниот моден бизнис, пишува Seebiz.

    Kering го основа својот оддел за убавина во 2023 година, откако го презеде производителот на парфеми Creed за 3,5 милијарди евра, во обид да ја намали зависноста од брендот Gucci, кој сочинува поголем дел од профитот на компанијата.

    Според проценките на аналитичарите, договорот со L’Oréal ќе стапи на сила по истекот на сегашното партнерство со Coty за парфемите Gucci – во 2028 година. Сепак, во меѓувреме, Kering имаше тешкотии со проширувањето на својот бизнис во секторот за убавина, забележувајќи оперативна загуба од 60 милиони евра во првата половина од годината.

    Во исто време, компанијата се соочува со пад на продажбата на својот клучен бренд Гучи, чија побарувачка на кинескиот пазар е во нагло опаѓање во последните години – па затоа приходите на Гучи се намалија за 25 проценти во последниот квартал.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично