Автор: Бране Стефановски
Народната банка на 13-ти мај објави нов соодветен пакет монетарни мерки како амортизери на ударите врз економијата што ги задава епидемијата на Ковид-19. Имено, основната каматна стапка на благајничките записи ја спушти на историски најниско ниво од само 1,5%!
На аукцијата на благајничките записи што се оддржа истиот ден ја намали понудата за нови седум милијарди денари. Заедно со средствата што беа ослободени со намалената понуда на благајнички записи на аукцијата во април, Банката ослободи вкупно 15 милијарди денари. Средства наменети за натамошна поддршка на македонската економија преку поттикнување на кредитната активност на банкарскиот систем.
Со ова релаксирање на монетарната политика, банката, како што самата тврди, очекува да се намалат цените на кредитите. Односно да се намалат каматните стапки и да се зголеми понудата на кредити од страна на банките.
Нешто што досега не било практика, или можеби тоа не било користено како инструмент, е одлуката на НБМ да ги откупува и домашните државни обврзници со најдолга рочност (15 и 30 години). Исто и еврообврзниците издадени од страна на државата на меѓународните финансиски пазари, што се во сопственост на домашните деловни банки. Дури банката упати порака дека постои простор за натамошно монетарно релаксирање.
За едно време, кога луѓето се плашеа од инфлација
Поранешниот гувернер, Љубе Трпески, ги поддржува новите монетарни мерки со кои Народната банка ги охрабрува банките да го зголемат кредитирањето на стопанството и на населението.
Што конкретно мисли и како ги оценува овие мерки, за „Анторис магазин“ говори токму професор д-р Љубе Трпески.
Како ги оценувате најновите мерки на НБРМ и дали има разлика во монетарниот амбиент од вашето време?
Љубе Трпески: Времето кога јас бев на чело на Народната банка, од мај 1997 до мај 2004, тешко може да се спореди со денешново време. Јас во 1997 година во едно интервју изјавив дека времето во Македонија се мери пред ТАТ и по ТАТ. Во тоа време довербата на населението во банките и штедилиците беше сведена на минимум. Поголемиот дел од своите заштеди, граѓаните ги чуваа во своите домови, надвор од банкарските канали. Притисоците на девизниот и на менувачкиот пазар беа големи, луѓето се плашеа од инфлација и девалвација и масовно бегаа од денарот, заменувајќи го за марки и за долари.
Вложивме многу труд за средување на работите во монетарната и банкарската сфера. Најнапред со зајакнување и доекипирње на супервизијата во НБРМ. Потоа со обучување на вработените во институтите на ММФ и на Светската банка. Значи со макотрпна работа ја донесвовме НБРМ да стане институција од примател на техничка помош во давател на техничка помош. Имено, тогаш, по препорака на Светската банка, НБМ даваше техничка помош за воведување на RTGS системот во платниот промет во преку 10 земји во светот. Напорите вродија со плод. При крајот на мојот мандат, во 2003 година, во една анкета на US Aid, на прашањето „На која институција најмногу и верувате?“, 84 отсто од анкетираните одговорија – „На НБРМ“.
Релаксирање на монетарната политка нема да доведе до инфлација
Љубе Трпески: Основите што ги поставивме тогаш доведоа денес да имаме стабилен, високо ликвиден и солвентен банкарски систем . „Лошите пласмани“ се сведени на историско најниско ниво. А, тоа овозможува и основната каматна стапка на Народната банка да се сведе, исто така, на историски најниско ниво. Со таа мерка сегашното раководство на Народната банка се вклучува во напорите што ги презема владата за помагање на стопанството и на населението во надминувањето на проблемите предизвикани од пандемијата.
Народната банка ја релаксира монетарната политика и ги охрабрува банките да го зголемат кредитирањето на стопанството и на населението. А, тоа значи и тие да ги намалат каматните на кредитите. Притоа, состојбите се такви што ваквото релаксирање на монетарната политка нема да доведе до инфлаторни притисоци. Напротив, со ова, се спречува појава на дефлација (општо намалување на цените –м.з.).
Смирувањето на ситуацијата на девизниот пазар и оптималното ниво на девизните резерви се уште еден додатен фактор кој води кон можноста за релаксирање на монетарната политика.
Целиот текст можете да го прочитате [ т у к а ]
Извор: magazin.antoris.mk