ПОВЕЌЕ

    Објавена листата на компании кои ќе добијат по 1000 долари за отворање на е-продавница

    Време зa читање: < 1 минутa

    Во рамки на јавниот повик од иницијативата „Ecommerce4All” која се реализира од страна на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија, четириесет домашни компании ќе добијат неповратна финансиска и советодавна помош, благодарение на поддршката на Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем.

    Избраните апликанти ќе добијат помош за отворање на своја е-продавница со сопствено софтверско решение или како дел од постоечки локален онлајн пазар.

    Вкупниот буџет за овој јавен повик изнесуваше 40.000 долари (2.240.000,00 денари). Истиот ќе биде распределен на 40-те избрани компании, односно 1000 долари по апликант, од кои 50% финансиска помош и 50% консултантска помош од страна на избраните онлајн пазари или ИТ компаниите кои ќе ги изработуваат самостојните e-продавници.

    Листата со избраните 40 компании кои ќе добијат поддршка се достапни на следниот линк, на веб страната на АЕТМ.

    Целото соопштение на ЕАТМ достапно на следниов линк

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично