Делфино Мобилити Груп, официјален увозник на Lynk & Co има двоен настап на македонскиот пазар, најновото издание на SUV 01 Plug-In хибрид и првиот целосно електричен модел на Lynk & Co во Европа crossover coupé 02. Со ова, брендот ја зацврстува својата визија за интелигентна, достапна и еколошка мобилност.
„Со лансирањето на Lynk & Co 02, Делфино Мобилити Груп го носи најдоброто за електричната мобилност во Македонија. Овој модел комбинира врвна технологија, динамичен дизајн и одржливост, прилагодени за потребите на македонските возачи. Во услови на растечки интерес за електрични возила, Lynk & Co 02 е идеален избор за сите кои бараат перформанси и паметни функции за секојдневна употреба“, велат од компанијата.
Што се однесува до претставувањето на новиот Lynk & Co 01 Plug-In хибрид, од Делфино Мобилити Груп велат дека овој модел не само што нуди напредна технологија и издржливост, туку и ја прави електрификацијата достапна за поширок круг на корисници.
„Веруваме дека со комбинација од врвниот дизајн, поврзаноста и иновативноста ќе го промениме начинот на кој луѓето размислуваат за автомобилите и нивната улога во современиот живот“, изјавија од Делфино Мобилити Груп.
01 Plug-In хибрид претставува еволуција на стилот и технологијата со тоа што има:
206 kW (276 КС) и 535 Nm вртежи
Потрошувачка 0,9 l/100 km и само 20 g/km CO₂ (WLTP)
17,6 kWh батерија за до 75 km целосно електричен досег
15,4-инчен HD екран + Snapdragon® 8155 процесор, 5G и OTA ажурирања
Нивоа на опрема: CORE – 41.990 евра| MORE – 46.990 евра
Бои: Crystal White | Mineral Green | Sparkling Black
Со прецизни, но суптилни промени во надворешниот дизајн, новиот 01 добива порафиниран и пософистициран изглед. Новата сјајна црна предна решетка, 19- и 20-инчните алуминиумски тркала и новите LED задни светла ја зајакнуваат неговата препознатливост и динамичен карактер. Новиот 01 е опремен со напредни системи за помош при возење (ADAS), вклучувајќи интелигентен темпомат, асистенција за одржување и менување лента, автономно итно сопирање, мониторинг на мртви агли и други, кои заедно создаваат безбедно и сигурно возачко искуство.
02 е првиот целосно електричен модел на Lynk & Co во Европа поставен на SEA електрична платформа и има:
200 kW (272 КС), 343 Nm; 0-100 km/h за 5,5 s
66 kWh батерија → 435 km (CORE) / 445 km (MORE)
DC брзо полнење 150 kW: 10 %–80 % за ~30 min
21 ADAS систем за активна и пасивна безбедност
Нивоа на опрема: CORE – 35.990 евра | MORE – 39.990 евра
Бои: Crystal White | Grey Grid | Cosmic Blue | Techno Magenta (црн кров)
Lynk & Co 02 ја користи новата дизајнерска филозофија инспирирана од концептот „The Next Day“, со аеродинамичен изглед и модерна, урбана естетика. LED светлата со анимации за добредојде и збогување, активната воздушна решетка, панорамски покрив и прозорци без рамки го прават моделот визуелно впечатлив. Со Lynk & Co 02, безбедноста добива нова димензија благодарение на најсовремениот пакет на напредни системи за асистенција на возач (ADAS) со дури 21 интегриран активен и пасивен систем.
Двата модела се одликуваат со смел визуелен потпис, 5G поврзаност, дигитален клуч и 360° камери. Внатрешноста користи рециклирани материјали ECONYL, а производството се напојува со 100 % обновлива електрична енергија.
Lynk & Co има цел до 2030 година најмалку половина од сите материјали да бидат од одржливи извори и да постигне нето-нула емисии до 2040 година.
Двата модела се изложени во салонот на Lynk & Co, кај Градскиот стадион, Градски парк – Скопје, каде сите заинтересирани ги очекуваат и специјални понуди за купување и финансирање.