ПОВЕЌЕ

    Кој е најбогатиот Германец?

    Време зa читање: < 1 минутa

    Основачот на познатиот ланец на супермаркети „Лидл“ Дитер Швар, е најбогатиот Германец. Рангирањето на дневниот весник „Билд“ покажува дека овој 80-годишен основач на „Лидл“ и ланецот „Кауфланд“ располага со имот вреден 41,8 милијарди евра.

    На второ место е семејството Рајман, кое е сопственик на компаниите Јакобс, со проценет имот вреден 21,45 милијарди евра, а на трето место е семејството на Волфганг Порше, сопственик на Порше со имот вреден околу 20 милијарди евра.

    Вкупните средства на 1.000 најбогати Германци, според „Билд“, во моментов достигнуваат вредност од 1,1 трилиони евра, што е за 0,76 проценти повеќе од минатата година.

    Весникот наведува и дека во Германија има 251 милијардер, што е за осум помалку од минатата година.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично