Либерти АД Скопје ќе ја намали основната главнина за да ги покрие заубите наталожени во текот на минатите години. Станува збор за износ од 132.132.359,13 евра, односно 8.045.922.245 денари. За оваа намена ќе се менува Статутот на компанијата, а предлогот треба да биде одобрен на Годишното собрание на акционерите, закажано за 16 мај.
Откако ќе се санираат загубите, основната главнина на ова акционерско друштво ќе изнесува 36.245.784,30 евра, односно 2.236.176.413 денари. Според предлогот, ова ќе се реализира со намалуваље на номиналниот износ на една обична акција издадена од Друштвото, чија номинална вредност ќе биде 1,10 евра.
Како што е наведено во предлог-одлуката, основната главнина е поделена на 32.950.713 обични акции, според акционерската книга.
Либерти Скопје е дел од Либерти Стил Групацијата, глобална компанија за челик и рударство која има 200 производствени капацитети во 10 земји. Се вбројува меѓу најголемите производители на челични производи на Балканот. Производите наменети главно за градежништво и општата индустрија, се пласираат на пазарите во балканските и земјите од Југоисточна Европа.